GLOBAL PETER DRUCKER FORUM, еден од најреномираните настани во светот на менаџментот, се одржа на 15.11.2024 година во прекрасното опкружување на виенската палата Хофбург. Настанот собра врвни експерти, лидери и визионери од различни индустрии за да дискутираат за новите предизвици и можности што ги носи ерата на вештачката интелигенција (AI).
Голема благодарност до IFTE и Јоханес Линднер за овозможувањето учениците од ВЕЗ ТРЕЈД да присуствуваат на форумот и да учествуваат во дебатите кои се фокусираа на новите одредници на управувањето со компаниите.
Форумот понуди инспиративни сесии и панели на теми како:
• Интеграција на вештачката интелигенција во корпоративното управување и нејзиниот потенцијал за трансформација на организациите.
• Претприемачко лидерство во дигиталната ера: Како менаџерите и лидерите можат да останат релевантни во динамичното деловно окружување.
• Улогата на младите претприемачи како креатори на нови иновативни решенија во контекст на глобалните промени.
Присуството на учениците од ВЕЗ ТРЕЈД беше особено значајно, бидејќи тие имаа можност да слушнат мотивирачки говори од водечки имиња во светот на менаџментот и претприемништвото.